ХРИСТИЈАНСТВО
Историја и потекло
Христијанството започнало во рамките на хебрејската религија меѓу следбенците на Исус од Назарет. Под водство на Апостолите Петар и Павле, во рамките на групата почнале да се примаат и неевреи, која полека се одделила од рабинскиот јудаизам. Некои еврејски христијани не го прифаќале ова и развиле свои отсеци. До 3-тиот век прифаќањето на неевреи се формализирало во правилник.Христијанството се раширило преку Медитеранот, со прогонства од римските императори. Бидејќи христијанството се проширило вон Палестина, дошло во контакт со старогрчката философија, од каде истото подоцна многу црпело. Ранохристијанските теолози како Ориген работеле на создавањето на синтеза помеѓу старогрчката философија, особено Платонизмот, и Христијанството и успеале да создадат карактеристична христијанска теологија. Христијанските учители сакале да го различат христијанството од другите вери во тоа време како Гностицизмот (некои аспекти од кој биле доста повлијаени од христијанството) и Митраизмот. Христијанството исто така веројатно абсорбирало разни елементи од современата паганска религија, особено мистеричните култови, иако научниците имаат разни мислења за нивото на повлијаеност.
Императорот Константин Велики (4-ти век) го озаконил христијанството а Теодосиј I го прогласил за официјална религија на Римската империја при крајот на истиот век. Одтогаш па натаму, тешко е да се следи развојот на христијанството заради преземањето на некои административни улоги од рацете на рисмакта власт во рацете на црковните водачи. Во ова време се развиваат и првите облици на монаштвото.
Христијанската црква на Римската империја била поделена на Западна (латински јазик) со седиште во Рим, и Источна (грчки јазик) со седиште во Константинопол, со значајни заедници во Египет и Сирија. Вон границите на империјата христијанството се проширило во Ерменија и Етиопија, Персија и Индија и меѓу келтските племиња. За време на Големата преселба на народите, разните германски народи го прифатиле христијанството; најпрвин Аријанската вероисповест (меѓу готите и вандалите), но подоцна Католичкото христијанство надвладеало, почнувајќи со франките. Источноевропските словени генерално ја прифатиле византиската форма на христијанството (како на пр. Русија во 988 год). Културните и дисциплински разлики ги раздвоиле Источната и Западната црква и резултирале во Големата Шизма (1054 год.)
од 7-миот век, Христијанството било предизвикано од Исламот кој го освоил Блискиот Исток и северна Африка. Следеле многу воени конфликти, вклучувајќи ги и Крстоносните војни, шпанската Реконквиста и потоа победата над Византиската империја и југоисточна Европа од страна на турците.
Западното христијанство во средниот век се карактеризира со соработка и конфликти меѓу локалните власти и Папата и развојот на сколастичката теологија и философија. Подоцна, големото незадоволство од корупцијата во Црквата резултирало во обиди за реформација на Црквата и општеството. Римокатоличката црква успеала да се обнови со Трентскиот Совет (1545-1563, но по издавањето на 95 тези во 1517 год. од страна на Мартин Лутер. Ова е еден од клучните настани во историјата на Протестантската Реформација која резултирала со појавувањето на бројни отсеци. За време на следните векови, соперништвото помеѓу Католицизмот и Протестанството со борбата на европските држави за политичка доминација ескалирало, додека многу од Православните цркви се нашле под власта на нехристијански владетели. Делумно како резултат на мисионерски жар, но и под стимулот на колонијалната експанзија на европските сили, христијанството во разни облици се проширило во С. и Ј. Америка, Океанија, источна Азија и подсахарска Африка. Со започнувањето на евопското Просветителство, христијанството се соочило со научни пронајдоци (како хелиоцентричниот систем и теоријата за еволуцијата), како и со појавувањето на библискиот критицизам и современите политички идеологии како либерализмот, национализмот и социјализмот.
Во 19-тиот и 20-тиот век, важни настани за црквата се развојот на екуменизмот, харизматичното движење и Фундаменталистичкото Христијанство.
ИСЛАМ
Верување
Аџилакот до Кабата, Масџид ел Харам, Мека, Петтиот столб на Исламот.
Кабата, најсветото место во исламот
- Шехадет („сведочење“) — основното начело на исламот се наоѓа во шехадетот („две сведоштва“; арапски: لا إله إلا الله محمد رسول الله, „нема друго божество достојно за обожување освен Алах, и Мухамед е Божјиот пратеник“). Шехадетот е клуч за да се биде дел од исламската вера, секој кој навистина верува во овие зборови се вбројува како муслиман. Меѓутоа, од практични причини за оние кои се конвертираат од друга религија или од неверство го прифаќаат исламот мора да ги изрецитират овие зборови во присуство на две сведоци машки пол или едно машко и две од женскиот пол за да биде сметан за муслиман од страна на другите членови на оппштеството.
- Намаз („молитва“) — после првиот чекор на влегуваље во исламскиот систем нај битен составен елемент на веруваљето на еден муслиман е намазот (арапски: صلاة, турски: Namaz) кој задолжителен е за сите муслимани кои се полноленти и свесни (немаат психички недостатоци), задолжителен е и за оние кои имаат физички недостатоци, но тие имаат олеснувања одредени според Куранот.
- Пост (Исламски пост) — третиот Исламски столб е постењето (арапски: صوم) на месецот Рамазан (арапски: رمضان). За овој месец постењето е задолжително за сите муслимани полнолетни и за сите оние кои имаат здравствена можност. За оние кои немаат можност го дополнуваат по после или ако се стари го наместуваат со давање на сиромаси.
- Зеќат (арапски: زكوة, турски: Zekât) е четвртиот активен битен елемент на веруваљето, зекатот се поврзува со богатсвотот на муслиманите. Сите муслимани кои имаат определено богатсво (над основното за живот) се задолжуваат да делат дел (дел од 2,5% на крајот на годината) од своето богатство за сиромасите, делењето е во споредба со богатството што го имаат. Ако државата е организирана Исламска Држава тогаш зекатот го собира и го дели државата.
- Аџилакот е петтиот и последниот столб на Исламот и е задолжителен за сите муслимани кои имаат богатсво до го посетуваат Каба во определеното време за молење за аџилак инаку ако се посетува во текот на друг дел од годината во исламот тоа се вика умра хаџ. Аџилакот не е задолжителен за оние кои немаат свое богатство. Во случај жената да има свое богатсво а мажот да нема тогаш жената се задолжува а мажот не.
БУДИЗАМ
Будизмот го признава Буда како свет учител кој помагал на луѓето да ги надминат нивните страдања според законите на карма преку разбирањето на Четирите Величествени Вистини а со тоа реализирајќи ја вистинската природа на феноменот и избегнување на кругот на страдања и како краен стадиум е препородувањето познато како Самсара.Методите што ги користи будизмот за постигнување на самсарата се: етичка прилагоденост, култивација на мудрост, тренирање на мозокот преку учење и медитација, несебично однесување, одрекување од светските работи, побожни обреди и во некои гранки на религијата, разбудување на свети суштества за да им помогнат на луѓето во достигнување на Нирвана.
No comments:
Post a Comment